Две странски компании заинтересирани за депонијата од Топилницата

Bez autora
Feb 16 2011

Две странски компании се заинтересирани за преработка и дислокација на депонијата со згура на Топилницата за цинк и олово во Велес. Тие се јавиле на конкурсот што Министерството за животна средина и просторно планирање го распиша кон крајот на минатата година со цел да го реши проблемот со најголемиот загадувач на Велес и околината. На ридот висок 28 метри има околу 2 милиони тони згура. Во згурата која е отпад од топењето на концентратите од високата печка на Топилницата, се наоѓаат од 6 до 10 отсто цинк, од 0,5 до 2 отсто олово, 3 до 6 отсто алуминиум, а присутни се и помали количества на арсен, антимон и други отровни метали. И покрај тоа што Топилницата не работи повеќе од 6 години, згурата и понатаму го загадува градот и земјоделските површини на кои се одгледуваат градинарски култури.

Две странски компании заинтересирани за депонијата од ТопилницатаДве странски компании се заинтересирани за преработка и дислокација на депонијата со згура на Топилницата за цинк и олово во Велес.

Тие се јавиле на конкурсот што Министерството за животна средина и просторно планирање го распиша кон крајот на минатата година со цел да го реши проблемот со најголемиот загадувач на Велес и околината. На ридот висок 28 метри има околу 2 милиони тони згура.

Во згурата која е отпад од топењето на концентратите од високата печка на Топилницата, се наоѓаат од 6 до 10 отсто цинк, од 0,5 до 2 отсто олово, 3 до 6 отсто алуминиум, а присутни се и помали количества на арсен, антимон и други отровни метали. И покрај тоа што Топилницата не работи повеќе од 6 години, згурата и понатаму го загадува градот и земјоделските површини на кои се одгледуваат градинарски култури.

Според условите на конкурсот, Министерството за животна средина и просторно планирање предлага активна ремедијација со отстранување на згурата од сегашната депонија која се наоѓа на неколку стотини метри од Велес. Компанијата што ќе биде избрана на конкурсот, ќе мора да ја транспортира и да ја преработува подалеку од градот, на безбедно место. По отстранувањето на згурата фирмата има обврска целосно да го исчисти просторот од отровите. Инаку, сите досегашни студии и анализи направени од домашни и странски експерти, укажуваат дека згурата покрај тоа што ги труе жителите на Велес, ги загадува и земјоделските површини на Башино Село и велешките бавчи на кои се произведуваат градинарски култури, водите на Вардар, како и подземните води во околината на "рени" бунарите од кои до пред 6 години жителите на Велес пиеја вода.

Граѓаните и екологистите на Велес даваат целосна поддршка на обидот на Министерството конечно да го реши овој горлив проблем кој остави траги врз здравјето на жителите, особено на најмладите. Екологистите очекуваат што поскоро да се отстрани овој црн рид над градот кој продолжува да им го загорчува животот на жителите од Велес и неговата околина.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik